Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) „Немам ништо со детска порнографија“, вели водителот на поткастот од Струмица по претресите
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Бремена жена без дозвола учесник во сообраќајка во Тетово
МВР
Полицијата приведе 17-годишник со пет паковки марихуана во Тетовo
МВР
Пијан и без дозвола предизвикал сообраќајка кај Берово, едно лице тешко повредено
МВР
Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради улична трка
МВР
Судир меѓу автомобил и камион, двајца со тешки повреди: несреќа на патот Градско-Прилеп
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) „Немам ништо со детска порнографија“, вели водителот на поткастот од Струмица по претресите

Претрес.мк
Последни промени 03/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Стружанецот Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал“, кај кого вчера МВР изврши претрес по наредба од обвинител и одобрение од суд, тврди дека станува збор за хајка и негира каква било поврзаност со делото за кое се води истрагата.Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Костески вели дека акцијата е насочена кон замолчување на неговиот медиум.„Сè е хајка. Тоа што се случи денеска во мојот дом во Струга е хајка за да згасне ‘Б2 каналот’, кој не е точно дека е бугарски, туку е тука и е македонски. Поткастот ‘Конечна пресметка’ е за европска Македонија. Ќе одам во секој медиум што ќе ме покани за да демантирам дека лично јас немам ништо со детска порнографија“, вели Костески.Тој додава дека во полициска станица му било кажано дека наводите се однесуваат на период од пред две или три години.„Во полициска станица во Охрид ми рекоа дека тоа било пред две години, па пред три, а јас прашувам зошто сега, зошто не реагирале тогаш ако имало нешто. Сè што кажаа не е точно и тврдам дека од моја страна сè е чисто“, вели Костески.И официјалот канал на поткастот објави дека полиција влегла во нивното студио„Ова што се случи не е обична контрола – ова е директен удар врз слободата на медиумите и гласот на јавноста“, стои во дел од објавата.Претресот кај него е дел од поширока акција што се спроведува на повеќе локации, меѓу кои Скопје, Струмица и Битола. Одземени се повеќе електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.Од МВР и Обвинителството ја потврдија акцијата, посочувајќи дека се постапува по сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, но засега без дополнителни детали.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Бремена жена без дозвола учесник во сообраќајка во Тетово
Полицијата приведе 17-годишник со пет паковки марихуана во Тетовo
Пијан и без дозвола предизвикал сообраќајка кај Берово, едно лице тешко повредено
Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради улична трка
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад