Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (ВО ЖИВО) Болници, лекови, специјализанти, пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тешко повредени две лица по излетување на автомобил кај Гевгелија
МВР
МВР со повеќе акции против трговија со наркотични супстанци
МВР
Полицијата приведе седум возачи – петмина возеле без дозвола, еден пијан и со забрана
МВР
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка кај Јурумлери
МВР
Малолетник се заканувал со пиштол по расправија во Оризари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(ВО ЖИВО) Болници, лекови, специјализанти, пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Претрес.мк
Последни промени 01/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Веќе сме во живо: Сите прашања што директно го допираат здравјето на граѓаните – од терапијата што недостига, до условите во кои се лекуваат пациентите. Македонското здравство со години се соочува со истите проблеми: недостиг од лекови, хаос во болниците, притисок врз медицинскиот кадар и недоверба кај граѓаните. Онкологија повторно е во фокус поради реакции за недостиг на терапии, исто и пациентите со ретки болести, Детската клиника ја нарекоа „Бангладеш“, болниците во внатрешноста се соочуваат со сериозни недостатоци на услови, а Брзата помош функционира со ограничени ресурси и екипи – но и бројни проблеми за кои ќе чуете.Во „Претрес“, министерот за здравство Азир Алиу ќе одговара за состојбата во системот – како се случува да недостигаат лекови кои значат живот, зошто пациентите чекаат со часови за терапија, колку е сериозен проблемот со кадарот и дали државата има капацитет да го стабилизира здравството. Ќе се отворат и прашањата за специјализантите и нивниот статус, за листите на чекање, за сведоштвата за лош третман, но и за сомнежите за злоупотреби и неефикасност во системот.Од друга страна, се отвора и прашањето за улогата и капацитетот на министерот – како човек со кариера во информатичките науки се справува со здравствен систем кој со години е под притисок, и дали политиката повторно има предност пред стручноста.Разговорот ќе ги опфати и бројките што институциите ги презентираат, но и реалноста што граѓаните ја живеат секој ден – јазот меѓу официјалните податоци и искуствата на терен.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тешко повредени две лица по излетување на автомобил кај Гевгелија
МВР со повеќе акции против трговија со наркотични супстанци
Полицијата приведе седум возачи – петмина возеле без дозвола, еден пијан и со забрана
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка кај Јурумлери
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад