Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Напад врз полиција пред дискотека, приведени две лица; Серија инциденти во Скопје, има насилства, грабеж, дрога
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кражба на гробиштата Бутел: Одземена бронзена биста од парцела
МВР
Инцидент во Битола: Ја удрил со кола, па излегол, ја натепал и избегал
МВР
Петмина државјани на Бангладеш исчезнале од работни места во Тетово и Жеровјане
МВР
Детали за автобусот кој изгоре пред патарината во Велес, патниците навреме евакуирани
МВР
Тешко повредена сопатничка во судир на три возила кај Штип, едниот бил без возачка
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Напад врз полиција пред дискотека, приведени две лица; Серија инциденти во Скопје, има насилства, грабеж, дрога

Претрес.мк
Последни промени 28/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.Полициски службеници од СВР Скопје привеле две лица пред дискотека на подрачјето на Карпош, откако биле пријавени за нарушување на јавниот ред и мир и напад врз полиција.„На 28.03.2026 пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(30) од с.Горна Бела Црква, ресенско и Х.Д.Е.(34) од Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и дека физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.Во друг случај, 26-годишник пријавил дека бил нападнат со остар предмет по расправија за паркинг.„На 27.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, В.Т.(26) од с.Волково, скопско, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и остар предмет и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.Пријавен е и грабеж на автобуска постојка во Гази Баба.„На 27.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, А.А.А.(20) од Куманово пријави дека на 26.03.2026 околу 13:40 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата.Покрај тоа, полицијата привела и две лица кај кои била пронајдена дрога.„На 27/28.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(48) и Р.Д.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кражба на гробиштата Бутел: Одземена бронзена биста од парцела
Инцидент во Битола: Ја удрил со кола, па излегол, ја натепал и избегал
Петмина државјани на Бангладеш исчезнале од работни места во Тетово и Жеровјане
Детали за автобусот кој изгоре пред патарината во Велес, патниците навреме евакуирани
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад