Двајца битолчани биле лишени од слобода во одделни случаи при сообраќајни контроли спроведени од полициски службеници на СВР Битола, поради управување возила без важечка возачка дозвола.На 26 март 2026 година околу 15:00 часот, на патот Битола – село Новаци, полицијата го лишила од слобода 23-годишниот Д.М. од Битола. При контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, а по извршените проверки било утврдено дека не поседува важечка возачка дозвола.Претходно истиот ден, околу 14:00 часот, на патот кон село Братиндол, бил лишен од слобода и 39-годишниот И.И. од Битола. Тој управувал патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, исто така без да поседува возачка дозвола.По целосно документирање на двата случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели го овој напис
