Шеесет и четиригодишен жител на Куманово го загубил животот додека управувал автомобил, по што возилото излетало од патот на локалната делница меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 март 2026 година на местото викано „Кантон“. Патничко возило „даеву тико“, управувано од М.Д. (64), излетало надвор од коловозот.На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт кај возачот. Сопатничката Л.Д. (57) се здобила со телесни повреди и била пренесена во Општата болница во Куманово.Според нејзината изјава, на возачот му се слошило за време на управувањето и изгубил свест непосредно пред да се случи несреќата.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Сподели го овој напис
