СВР Куманово поднела две одвоени кривични пријави за различни кривични дела – едната поврзана со дрога, а другата со фалсификување исправа.Кривична пријава е поднесена против М.Д. (26) и А.Т. (29), двајцата од Куманово, поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. Според полицијата, на 31 октомври 2025 година при преглед кај второпријавениот била пронајдена марихуана, која претходно ја набавил заедно со првопријавениот и ја препакувале за продажба.Одделно, кривична пријава е поднесена и против Т.Д. (54) од Куманово за „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полицијата сопрела „фолксваген голф“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од пријавениот, при што било утврдено дека табличките биле издадени за друго возило во Република Словенија.
Сподели го овој напис
