Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обезбедувањето мора да реагира за малолетници и ризици: сведочење на рочиштето за „Пулс“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Девојката што падна од балкон во Тетово била малтретирана од таткото, тврди полицијата
МВР
Кумановската полиција поднесе пријави за дрога и фалсификување исправа
МВР
Тетовец пријавен за насилство по напад по судско рочиште
МВР
Трагедија на патот Кочани – Виница: загина возач
МВР
Четворица државјани на Судан илегално ја преминале границата кај Стење
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обезбедувањето мора да реагира за малолетници и ризици: сведочење на рочиштето за „Пулс“

Претрес.мк
Последни промени 17/03/2026
Претрес.мк
Сподели

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, која детално ги образложи законските обврски и стандарди во оваа дејност.Таа посочи дека Министерството за внатрешни работи издава дозволи за вршење дејност врз основа на строго утврдени критериуми, по што компаниите имаат рок од шест месеци да започнат со работа. Дополнително, по вработувањето на лицата, во рок од 30 дена мора да се поднесат легитимации за обезбедување.„Лиценцата е еден од условите за да може да работи лице во обезбедување, што значи дека е обучено, но јавните овластувања ги врши со легитимација“, истакна сведокот.Милевска-Стефановска нагласи дека законскиот минимум за физичко обезбедување изнесува 15 лиценцирани работници, за техничко обезбедување три, а за обезбедување за сопствени потреби најмалку десет. Таа додаде дека оваа дејност е дефинирана како дејност од јавен интерес.Во однос на договорите, таа посочи дека законската одредба е јасна – доколку договорот не е склучен во писмена форма, се смета за ништовен.Сведокот појасни дека кога се ангажирани пет или повеќе работници, компанијата што дава услуга е должна да изработи план за обезбедување и да го достави до надлежната полициска станица на чија територија се одржува настанот.На прашањето за присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, Милевска-Стефановска истакна дека обезбедувањето има обврска да реагира.„Во вакви објекти мора да се почитуваат и други закони, со јасно истакнати известувања дека не е дозволено присуство на малолетници. Обезбедувањето морало да реагира или најмалку да го извести сопственикот“, изјави таа.Во однос на употребата на пиротехника, сведокот потврди дека таа претставува безбедносен ризик, по што судот не дозволи дополнително прашање дали лицата што ја користат треба да имаат посебна едукација.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Девојката што падна од балкон во Тетово била малтретирана од таткото, тврди полицијата
Кумановската полиција поднесе пријави за дрога и фалсификување исправа
Тетовец пријавен за насилство по напад по судско рочиште
Трагедија на патот Кочани – Виница: загина возач
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад