Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Акциска контрола во Струга: 57 казни, одземено возило и едно лице уапсено
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Kрадец упаднал во стан додека внатре биле жена и дете
МВР
Битолчанец измамен за 340.000 денари, купувал криптовалути
МВР
18-годишник се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
МВР
Марихуана и дигитална вага одземени при претрес во Марино, приведено едно лице
МВР
Трагедија во Крушево: 20-годишнo момче почина од струен удар
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Акциска контрола во Струга: 57 казни, одземено возило и едно лице уапсено

Претрес.мк
Последни промени 13/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Вчера изречени 57 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, лишено од слобода едно лице, одземено возилоВо текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид – ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци. Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Kрадец упаднал во стан додека внатре биле жена и дете
Битолчанец измамен за 340.000 денари, купувал криптовалути
18-годишник се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
Марихуана и дигитална вага одземени при претрес во Марино, приведено едно лице
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад