На 12.03.2026 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје.Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско.Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, повредени лица нема. Извршен е увид.
Сподели го овој напис
