Основното јавно обвинителство Велес денеска со писмен поднесок го повлекло обвинението против кавадаречкиот судијата Лазар Нанев, кој беше гонет за кривичното дело „несовесно работење во службата“, потврди за „Скопје1“, адвокатот Владимир Туфегџиќ.Тој посочи дека одбраната навремено побарала Обвинителството да ја преиспита законитоста и основаноста на поднесеното обвинение, имајќи ги предвид доказите што биле понудени во постапката.„Имајќи ги предвид понудените докази, навремено побарав јавното обвинителство да ја преиспита законитоста и издржаноста на поднесеното обвинение, пред сè поради економичноста и целисходноста на кривичната постапка“, наведе Туфегџиќ.Според него, во текот на постапката одбраната изнела цврсти аргументи и докази кои укажувале на неоснованост на обвинението, по што надлежниот јавен обвинител донел одлука да го повлече.„За поздравување е одлуката и доблеста на надлежниот јавен обвинител да го повлече обвинението против судијата Лазар Нанев“, истакна Туфегџиќ.Тој додаде дека овој пример треба да го следат и други јавни обвинители во ситуации кога нема доволно докази кои го поткрепуваат обвинението, особено поради економичноста и ефикасноста на кривичната постапка.Нанев беше гонет за 97 комуникации со обвинет во постапка, на кому тој му судел. За истиов случај тој беше разрешен и од функцијата судија. Претходно, за притисоци и недолично однесување беше пријавен и од обвинителка од Кавадарци.
Сподели го овој напис
