Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола, еден за возење нерегистрирано возило без возачка дозвола, еден за управување на возило под дејство на алкохол и еден за управување возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија.Двајца возачи во Неготино (од кои еден малолетник), и по еден во Тетово, Кочани, Гевгелија и Скопје (исто така малолетник) управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Кавадарци управувал нерегистрирано возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Велес управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Кочани управувал возило и покрај тоа што имал забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Сподели го овој напис
