На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а бил контактиран и родител на малолетникот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна постапка согласно законските прописи.
Сподели го овој напис
