Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Префрлале пари на сметка на мајка и за продолжи да зима социјален детски додаток – кривична за вработени во Здружение на ивалиди на трудот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Фериде Демирова со мерцедес порше и три стана примала социјална помош, говори нејзиниот адвокат
Претрес
(Во живо) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица
Претрес
(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“: Со социјална помош до луксуз, која е шемата? Сведоштво за насилство кое обвинителот не го гледа
Претрес
Се казнува автоматски, ама плаќањето се докажува на стариот добар начин со уплатници во станица – МВР уште нема софтвер
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Префрлале пари на сметка на мајка и за продолжи да зима социјален детски додаток – кривична за вработени во Здружение на ивалиди на трудот

Претрес.мк
Последни промени 19/02/2026
Претрес.мк
Сподели

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток. З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош. Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања. Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност. Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Фериде Демирова со мерцедес порше и три стана примала социјална помош, говори нејзиниот адвокат
(Во живо) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица
(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“: Со социјална помош до луксуз, која е шемата? Сведоштво за насилство кое обвинителот не го гледа
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад