На 17.02.2026, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода пет лица во Радовиш и радовишко, поради постоење основи на сомнение за купопродажба и поседување на марихуана.Во село Бучим, радовишко, во 21:55 часот беа приведени Е.С.(36) од Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата биле затекнати во паркирано возило „Форд“ во момент на купопродажба на марихуана. При пристап на полицијата, Е.С. фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. М.Р. и Б.У. признале дека купувале марихуана од Е.С.Истиот ден, во 19:20 часот на влез во Радовиш, полицијата лишила од слобода и Ј.А.(24) и М.У.(28), двајцата од Радовиш, при што при преглед во такси возило била пронајдена марихуана. Тие признале дека наркотикот го купиле од Е.С.По целосно документирање, против сите пет лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а за случаите е известен јавен обвинител.
Сподели го овој напис
