Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Советник во МВР пријавен за проневера: Присвојувал пари од граѓани за пасоши, наместо на сметка завршиле кај него во џеб
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Велосипедист се здоби со тешки повреди по судир со автомобил во Скопје
МВР
Трактор излетал од патот во Велес, возачот тешко повреден
МВР
Маж пронајден починат во дом во Волково
МВР
Работник тешко повреден при извршување работни задачи во Чаир
МВР
Приведени четворица возачи без возачка дозвола во четири градови
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Советник во МВР пријавен за проневера: Присвојувал пари од граѓани за пасоши, наместо на сметка завршиле кај него во џеб

Претрес.мк
Последни промени 11/02/2026
Претрес.мк
Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Штип против М.С., вработен како советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи.Според информациите, постојат основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, тој, наводно, присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓани кои поднесувале барања за издавање патна исправа барал готовина, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи.Како што се наведува, пријавениот им кажувал на барателите дека плаќањето преку ПОС-терминал со платежна картичка не е во функција и дека е потребно износот да го платат во готово. Граѓаните му ги давале средствата во висина на цената на услугата, по што тој бил должен да ги уплати на жиро-сметката на МВР и да изврши уплата на административна такса на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.Иако постапката била завршувана и на граѓаните им биле издавани лични документи – пасоши, пријавениот, според наводите, не ги уплаќал средствата, туку ги присвојувал за себе.Од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против М.С. ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Велосипедист се здоби со тешки повреди по судир со автомобил во Скопје
Трактор излетал од патот во Велес, возачот тешко повреден
Маж пронајден починат во дом во Волково
Работник тешко повреден при извршување работни задачи во Чаир
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад