Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 февруари 2026 година, во 10:15 часот, кај местото викано „Црници“, во атарот на селото Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода три лица од Прилеп – В.К. (57), И.Т. (51) и Б.Н. (77).Според информациите од полицијата, при вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, при што лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје. По пукањето, лицата се оддалечиле од местото на настанот.По преземени оперативни мерки, возилото и лицата биле пронајдени, а при извршениот преглед кај И.Т. била одземена малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција, како и три чаури и куршуми калибар 12 милиметри од ловечка пушка, за кои не поседувал соодветна документација. Дополнително, биле пронајдени и одземени детектори и други предмети.Кај Б.Н. бил одземен пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9 милиметри, исто така без соодветна документација, како и други предмети поврзани со настанот. Тројцата биле задржани во полициска станица, за случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели го овој напис
