Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Возеле и покрај забрана: одземени три возила во Ресен и Кичево
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
77 казни за возачи на мопеди и тротинети во Битола: најголем дел биле без кацига
МВР
Тошковски ги осуди споредбите со „Див Запад“ по убиството во Чаир: „Еден од учесниците моментално издржува казна затвор
МВР
На 26-годишен Кинез му побарал повеќе пари за такси-превоз, па со закана со нож му ги одзел
МВР
Марихуана пронајдена во дом во неготинско, приведени 20-годишник и неговата малолетна невенчана сопруга
МВР
Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот кај Ростуше
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Возеле и покрај забрана: одземени три возила во Ресен и Кичево

Претрес.мк
Последни промени 05/02/2026
Претрес.мк
Сподели

На 3 февруари 2026 година, при засилени сообраќајни контроли во Ресен и Кичево, полициските службеници затекнале тројца возачи како управуваат возила и покрај изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Во 12:45 часот, на улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен запреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (49) од Битола. При контролата било утврдено дека возачот управувал со возилото иако имал активна забрана за управување.Претходно, во 10:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г. (26) од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого исто така била констатирана изречена забрана за управување со моторно возило.Истата служба, во 11:30 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, запрела патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. (42) од селото Лазоровци, кичевско. При проверките било утврдено дека возачот имал изречени две мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.По насоки од јавен обвинител, возилата се одземени, а по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

77 казни за возачи на мопеди и тротинети во Битола: најголем дел биле без кацига
Тошковски ги осуди споредбите со „Див Запад“ по убиството во Чаир: „Еден од учесниците моментално издржува казна затвор
На 26-годишен Кинез му побарал повеќе пари за такси-превоз, па со закана со нож му ги одзел
Марихуана пронајдена во дом во неготинско, приведени 20-годишник и неговата малолетна невенчана сопруга
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад