Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на Регулаторна, Марко Беслимовски, за штета од над 14 милиони денари
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со фалсификувани возачки дозволи тројца странски државјани се обиделе да влезат во Македонија преку Табановце
МВР
Турски државјанин приведен на Деве Баир со фалсификуван зелен картон
МВР
Возач побегнал по судир со мотоциклист во Скопје, мотоциклистот тешко повреден
МВР
62-годишник осомничен за силување на дете
МВР
Незаконска сеча на дрва и штета од 570.569 денари, кривична за четворица вработени во Подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на Регулаторна, Марко Беслимовски, за штета од над 14 милиони денари

Претрес.мк
Последни промени 29/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.Наместо да донесе решение за одземање на лиценцата, пријавениот донел незаконско решение за прекин на постапката, со што лиценцата не била одземена на 15 јануари 2024 година, туку дури на 14 април 2025 година. На тој начин, како што се наведува, му овозможил на правното лице противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност во период од околу 15 месеци по истекот на законските услови, како и да учествува и склучува договори во постапки за јавни набавки.Со ваквото постапување, според Финансиската полиција, Беслимовски ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и овозможил компанијата „Тритерол Петрол“ да оствари вкупен промет во износ од 194.520.962 денари, како и да се стекне со противправна имотна корист во висина од 14.093.576 денари.Основното јавно обвинителство Скопје треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесената кривична пријава.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со фалсификувани возачки дозволи тројца странски државјани се обиделе да влезат во Македонија преку Табановце
Турски државјанин приведен на Деве Баир со фалсификуван зелен картон
Возач побегнал по судир со мотоциклист во Скопје, мотоциклистот тешко повреден
62-годишник осомничен за силување на дете
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад