Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59), сите од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според информациите од МВР, на 26 јануари 2026 година, првопријавениот М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски регистарски ознаки. Во возилото, заедно со второпријавениот И.Б., сместиле наркотична дрога – марихуана, по што го контактирале третопријавениот Г.Б. за да го шлепува возилото од Струга до Скопје, за надомест од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.По пристигнувањето во Скопје, М.З. и И.Б. побарале од Г.Б. за дополнителни 40 евра да продолжи со транспортот до Свети Николе, при што возилото „опел комбо“ било шлепувано зад товарно возило „ивеко“, а тие се превезувале во патничко возило „мерцедес“.На регионалниот пат во близина на Свети Николе, полициски службеници, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации за транспорт на поголема количина дрога, го запреле товарното возило. При извршениот преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел комбо“, биле пронајдени осум торби со вкупно 50 пакувања марихуана.По извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за вкупно 150 килограми марихуана.Осомничените се опфатени со кривичната пријава и против нив ќе продолжи понатамошна постапка пред надлежните институции.
Сподели го овој напис
