Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Дрога спакувана во најлонски и книжни омоти во пластична кофа под маса – четворица осомничени за трговија во Валандовско
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Закани со оружје по расправија во близина на трговски центар во Скопје
МВР
Електричен тротинет удрил жена во Скопје, возачот избегал
МВР
Три физички напади пријавени во Скопје во еден ден
МВР
Бран семејно насилство низ државата: Закани со оружје, тепање сопруги и напад врз мајка
МВР
(Видео) „Имав понуда – кажи ги Груевски и Чавков и нема да бидеш обвинет, па ме сместија во Шутка и пак ме посетија“: Сведоштво на Јане Ченто
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Дрога спакувана во најлонски и книжни омоти во пластична кофа под маса – четворица осомничени за трговија во Валандовско

Претрес.мк
Последни промени 26/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана,  751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот.  Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Закани со оружје по расправија во близина на трговски центар во Скопје
Електричен тротинет удрил жена во Скопје, возачот избегал
Три физички напади пријавени во Скопје во еден ден
Бран семејно насилство низ државата: Закани со оружје, тепање сопруги и напад врз мајка
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад