Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, во 22 часот, во СВР Скопје било пријавено кривично-правно релевантно насилство врз малолетно лице.Според пријавата поднесена од Е.Б. (36) од Скопје, околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Напаѓачот, како што е пријавено, насилно го турнал малолетникот во багажниот простор од своето патничко возило и од него барал да му открие кој фрлал снежни топки по неговото возило.Во инцидентот, според пријавеното, физички бил нападнат и другарот на малолетникот.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот и одговорноста на сторителот.
Сподели го овој напис
