Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
МВР
Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките
 Предмети
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Новости
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
МВР
Провала и кражба во трговски центар во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП

Претрес.мк
Последни промени 16/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи, по што Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Како што информира Судот, по нивното произнесување, како и по оценка на фактите и приложените докази, бил прифатен предлогот на обвинителството и на сите осум осомничени им е определен притвор поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик да го довршат или повторат кривичното дело.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата се води под раководство на јавен обвинител од ова обвинителство, а во акцијата учествувале истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи. Во текот на акцијата, до доцните вечерни часови, биле извршени претреси на 16 локации низ државата, при што биле пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените биле обезбедени.

— реклама —

Акцијата е резултат на заеднички постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по претходно известување од Агенцијата за национална безбедност. Врз основа на обезбедените докази, обвинителството отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, осомничени дека го оштетиле државниот буџет за 297.733.844 денари, односно околу 4,8 милиони евра.

Според обвинителството, првоосомничениот – српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица – заедно со двајца службеници од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале организирана група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот од 2023 до 2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници, првоосомничениот во периодот 2023–2024 година избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Дополнително, други осомничени со лажни пријави побарале и добиле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица, со што на буџетот му е нанесена штета од 31.175.168 денари. Дел од осомничените, пак, вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари.

Досегашните докази, како што соопштува обвинителството, укажуваат дека осомничени вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, меѓу кои и лица на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба нанеле вкупна штета на Буџетот на Република Северна Македонија од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител претходно предложи мерка притвор за десет осомничени, при што судот на осум лица им определи притвор, додека за две лица притворот веќе бил определен во друг предмет поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За останатите десет осомничени предложени се мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичните дела и забрана за работа како службени лица во УЈП.

Можеби ќе ти се допадне

Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами

Провала и кражба во трговски центар во Скопје

Полициски акции во Скопје, Штип и Горно Количани против нарко-криминал

Полицијата со низа интервенции за нарушување на јавниот ред: Закани, напад врз полицаец и приведувања на граница

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад