Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место
МВР
Двајца малолетници возеле без дозвола, еден во спротивна насока во Гостивар
МВР
Маж од Струмица и 25-годишна жена се тепале во Центар
МВР
Узурпирал државно земјиште и изградил куќа без дозвола
МВР
Извадила потврда од казнена евиденција без согласност од лицето, па ја употребила против него
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица

Претрес.мк
Последни промени 16/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Царинска управа информира дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што се запленети девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.Како што соопштува Царинската управа, случајот бил откриен во вторникот вечерта на граничниот премин Богородица, на излез од државата. При детален претрес на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, царинските службеници во кровната конструкција на возилото, помеѓу лимот и тапацирот, пронашле девет пиштоли од марката „Црвена Застава“.По откривањето, случајот бил предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лишило од слобода осомниченото лице. По преземањето на предистражните дејствија, против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, казниво според Кривичниот законик.По наредба на јавен обвинител, осомничениот се наоѓа во притвор, а истрагата за утврдување на потеклото и намената на оружјето, како и евентуалните поврзани лица, е во тек. Царинската управа најавува дека ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц и други облици на организиран криминал.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место
Двајца малолетници возеле без дозвола, еден во спротивна насока во Гостивар
Маж од Струмица и 25-годишна жена се тепале во Центар
Узурпирал државно земјиште и изградил куќа без дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад