Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР трага по лицето кое искрши стакло од амбасадата на Бугарија во Скопје
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени пет лица
МВР
Разбојници со пиштол му одзеле пари на 28-годишник во Илинден
МВР
Уапсен 59-годишен маж кој недолично допирал жена во продавница
МВР
Во еден ден приведени 28 возачи за безобѕирно управување, најголем дел управувале без возачка дозвола
МВР
Безживотно машко тело извлечено од реката Пчиња кај Катлановска Бања
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР трага по лицето кое искрши стакло од амбасадата на Бугарија во Скопје

Претрес.мк
Последни промени 11/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

— реклама —

Според МВР, пријавата била доставена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, откако офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво.

Од Министерството наведуваат дека веднаш се преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и на сите околности поврзани со настанот.

— реклама —

media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата во Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на денеска непознато лице извршило напад врз објектот на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го настанот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува агенцијата БГНЕС. Тие не посочуваат за каков напад станува збор, а амкедонските медиуми објавија дека било пукнато стакло на влезната врата. Според бугарскот амбасадор, камерите регистрирале како лице се доближило и потоа го пукнало стаклото.Во реакцијата се наведува дека станува збор за напад врз објект кој, како што посочуваат од Софија, претставува симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија. Бугарското МНР изрази длабока загриженост дека ваквиот инцидент е резултат на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и инциденти поврзани со објекти и лица кои Софија ги поврзува со бугарската заедница.Во соопштението се истакнува дека институционалната неактивност, во комбинација со говор на омраза, според нив, создава атмосфера во која ваквите дејствија се повторуваат и ескалираат. Бугарската дипломатија побара од надлежните органи во Северна Македонија итно да преземат мерки за идентификување на сторителот, негово соодветно санкционирање и обезбедување целосна безбедност на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот.Од Министерството за надворешни работи на Бугарија очекуваат јасно и недвосмислено дистанцирање на институциите во Македонија од сите форми на омраза, поефикасна борба против ваквите инциденти и доследно почитување на меѓународните обврски. Воедно, најавуваат дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори во заштита на, како што наведуваат, бугарските интереси.


Македонија

|
пред 22 минути

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени пет лица
Разбојници со пиштол му одзеле пари на 28-годишник во Илинден
Уапсен 59-годишен маж кој недолично допирал жена во продавница
Во еден ден приведени 28 возачи за безобѕирно управување, најголем дел управувале без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад