Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Запленета над 25 тони пиротехника, најдена во возило кое го возеле скопјани
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
27-годишник нападнал жена и двајца членови на нејзинот семејство, а потоа во нападот се приклучиле и неговата мајка и тетка
МВР
46-годишен штипјанец нападнал сограѓанин и го избодел со остар предмет
МВР
65-годишен маж почина по тешка сообраќајка кај Штука
МВР
Тешко повреден 80-годишен тракторист при судир со автомобил кај Владевци
МВР
Скопјанка повредена од заталкано зрно додека била во својот двор
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Запленета над 25 тони пиротехника, најдена во возило кое го возеле скопјани

Претрес.мк
Последни промени 25/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Над 25 тони пиротехнички средства се пронајдени и одземени во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена на повеќе локации, при што од слобода се лишени две лица, од кои едното е полициски службеник.

— реклама —

Како што соопшти МВР, на 24 декември 2025 година во 08:35 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Н.Р. (41) и И.Р. (41), двајцата од Скопје.

При контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р., во кое како сопатник бил И.Р. – полициски службеник вработен во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. Лицата не поседувале никаква документација за средствата, а изјавиле дека истите му припаѓаат на правно лице од Скопје.

— реклама —

Во рамки на понатамошните мерки и активности, пред магацин на истото правно лице било пронајдено уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Денеска, пак, по судска наредба бил извршен претрес во магацините на правното лице, при што биле пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.

Од МВР информираат дека Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со ОВР Кавадарци, продолжува со преземање мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

View this post on Instagram

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

27-годишник нападнал жена и двајца членови на нејзинот семејство, а потоа во нападот се приклучиле и неговата мајка и тетка
46-годишен штипјанец нападнал сограѓанин и го избодел со остар предмет
65-годишен маж почина по тешка сообраќајка кај Штука
Тешко повреден 80-годишен тракторист при судир со автомобил кај Владевци
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад