Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обид за лажна сообраќајна незгода во Тетово: тројца кривично пријавени за измама
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Акциска контрола на Охридското Езеро: Пронајдени 20 забранети мрежи и речиси 117 килограми риба
МВР
Расчистено опожарувањето на влезната врата во Кисела Вода, приведен осомничен
МВР
Опожарена влезна врата од стан во Кисела Вода, приведен 50-годишник
МВР
Изваден шраф на тркало од автомобил и олабавени уште три: Сопственикот се сомнева на саботажа
МВР
Татко ја нападнал малолетната ќерка
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Обид за лажна сообраќајна незгода во Тетово: тројца кривично пријавени за измама

Претрес.мк
Последни промени 24/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама“.

— реклама —

Според информациите од СВР Тетово, на 16 декември 2024 година пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајната полиција. Тие претходно се договориле и во кругот на автоперална на улицата „Маршал Тито“ во Тетово фиктивно предизвикале судир меѓу две патнички возила од марката „БМВ“, од кои едното било со швајцарски национални ознаки, а другото со тетовски регистарски таблички.

Целта на договорениот и инсцениран судир, како што наведуваат од полицијата, била да се прикаже лажна сообраќајна незгода и на тој начин да се наплати осигурително обештетување од осигурително друштво. Благодарение на навремената реакција и проверките од страна на полициските службеници, обидот за измама бил откриен и спречен.

— реклама —

Против тројцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава, а предметот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Акциска контрола на Охридското Езеро: Пронајдени 20 забранети мрежи и речиси 117 килограми риба
Расчистено опожарувањето на влезната врата во Кисела Вода, приведен осомничен
Опожарена влезна врата од стан во Кисела Вода, приведен 50-годишник
Изваден шраф на тркало од автомобил и олабавени уште три: Сопственикот се сомнева на саботажа
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад