Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицајци менувале службени документи за да прикријат бесправна градба
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Двајца турски државјани приложиле фалсификувани зелени картони на Деве Баир
МВР
Дрво паднало врз маж додека сечел дрва, пренесен со тешки повреди
МВР
Со „пежо“ удрил во мотоциклист, го влечел неколку метри и побегнал од местото
МВР
Градел без дозвола на државни парцели во Тетово
МВР
Кршел покуќнина и се заканувал на родителите, приведен 36-годишник од Тетово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полицајци менувале службени документи за да прикријат бесправна градба

Претрес.мк
Последни промени 16/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение, против пет полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово.

— реклама —

Кривичната пријава е поднесена против Б.И., командир на Полициското одделение Чегране, како и против полициските службеници К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е., поради основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“, казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик.

Според МВР, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење, изготвиле и измениле службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба. Со ваквото постапување, тие го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка што се води пред суд или друг надлежен орган.

— реклама —

Дополнително, полициските службеници ја преквалификувале поднесената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување против подносителот на поплаката. Притоа, без да ја утврдат фактичката состојба на терен, изготвиле записник за констатиран прекршок и поднеле барање за поведување прекршочна постапка против лицето кое ја пријавило бесправната градба.

Од Одделот за внатрешна контрола информираат дека, по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против пријавените полициски службеници ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муницијата, како и нивно упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Двајца турски државјани приложиле фалсификувани зелени картони на Деве Баир
Дрво паднало врз маж додека сечел дрва, пренесен со тешки повреди
Со „пежо“ удрил во мотоциклист, го влечел неколку метри и побегнал од местото
Градел без дозвола на државни парцели во Тетово
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад