Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Советот му ја прекина функцијата на Хајрулахи по негово барање
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
МВР
Уапсен 48-годишен маж од Тетово: Две години ѝ барал пари на поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки
МВР
13-годишници без возачки дозволи со мотоцикли се судрија во Мокриево, едниот тешко повреден
МВР
77 казни за возачи на мопеди и тротинети во Битола: најголем дел биле без кацига
МВР
Тошковски ги осуди споредбите со „Див Запад“ по убиството во Чаир: „Еден од учесниците моментално издржува казна затвор
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Советот му ја прекина функцијата на Хајрулахи по негово барање

Претрес.мк
Последни промени 09/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по негово сопствено барање.Хајрулахи претходно беше суспендиран, откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според обвинителството, во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година тој наводно ја користел својата хиерархиска позиција за континуирано психичко насилство и закани кон пет вработени жени, при што им упатувал закани дека „ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од шести кат“, како и дека се обидувал да ги принуди да потпишат изјави дека биле изманипулирани.Хајрулахи целосно ги негира обвинувањата и тврди дека предметот е тенденциозен и политички конструиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во однос на бонусите во СЈО.На денешната седница, Советот треба да расправа и за избор на нов претседател, како и за формирање Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
Уапсен 48-годишен маж од Тетово: Две години ѝ барал пари на поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки
13-годишници без возачки дозволи со мотоцикли се судрија во Мокриево, едниот тешко повреден
77 казни за возачи на мопеди и тротинети во Битола: најголем дел биле без кацига
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад