Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Незавршена војна: генерал Арсовски откри како бил игнориран планот за одбрана на Македонија во 2001
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривична за прилепчанец кој запали автомобил во Прилеп
МВР
МВР приведе 17 возачи за безобѕирно возење: Петмина се малолетници
МВР
Тинејџери тешко повредени во судир на мопед и мотоцикл кај Радовиш, возеле без дозвола
МВР
Турски државјанин уапсен на Богородица со фалсификувана зелена карта
МВР
Превезувал патници без лиценца за такси-превоз
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) Незавршена војна: генерал Арсовски откри како бил игнориран планот за одбрана на Македонија во 2001

Претрес.мк
Последни промени 23/11/2025
Претрес.мк
Сподели

Најмладиот генерал во поранешната ЈНА и прв генерал на македонската армија, Митре Арсовски, во гостувањето во подкастот „Претрес“ откри непознати детали од воените анализи што претходеле на кризата во 2001 година.

— реклама —

Арсовски објасни дека уште пред избувнувањето на конфликтот, тој имал изработено оперативни карти со прецизна проценка каде ќе започнат нападите и кои точки се најкритични за одбраната на државата.

— реклама —

„Картата е слика на војната. Сè што нацртавме како ризични точки подоцна се случи. На делот кај Црн Врв и Скопска Црна Гора уште тогаш ги нацртавме албанските вооружени групи – не бегалци, туку луѓе во униформа кои се движат кон една клучна точка“, изјави Арсовски.

— реклама —

View this post on Instagram

Тој откри дека на една од брифинг-средбите претседателот Киро Глигоров го прашал што означуваат овие воени симулации на картите.

„Му објаснив дека, ако не се реагира на време, прво на удар ќе бидат Солунска Глава, а потоа и други јазли што се клучни за опкружување на Македонија“, вели Арсовски.

Според него, најголемиот проблем не бил во анализите, туку во нивното игнорирање.

„Едно е да нацрташ карта и да напишеш заповед. Друго е извршувањето. Нè послушаа ли? Не. И затоа се случи 2001“, нагласи генералoт.

Арсовски тврди дека конфликтот никогаш не бил целосно завршен:

„Војната е завршена само кога ќе го совладаш непријателот и ти ги диктираш условите. Ние тоа не го направивме. Тоа остана незавршена војна – политички запрена, со оружје формално преземено.“

Интервјуто го отвора прашањето за тоа дали државата навистина научила нешто од најтешките безбедносни моменти во својата историја и дали денес се прави сериозна проценка на ризиците кои генералите одамна ги предвидувале.

Погледнете го цел поткаст каде се зборува за Тито, ЈНА, Вуковар…

5Usrd64BmHM


Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривична за прилепчанец кој запали автомобил во Прилеп
МВР приведе 17 возачи за безобѕирно возење: Петмина се малолетници
Тинејџери тешко повредени во судир на мопед и мотоцикл кај Радовиш, возеле без дозвола
Турски државјанин уапсен на Богородица со фалсификувана зелена карта
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад