Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР алармира за измамници: Граѓаните да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Маж се заканувал на медицински персонал од Итна помош
МВР
Автомобил удри жена на „Орце Николов“ во Скопје
МВР
Скопјанка нападната од жена сред трговски центар
МВР
Пронајдени човечки коски и облека во Горно Количани
МВР
Татко нападнал дете по инцидент меѓу малолетници
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР алармира за измамници: Граѓаните да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Претрес.мк
Последни промени 10/11/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

— реклама —

Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

— реклама —

– МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР.

— реклама —

— реклама —

Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба.

Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку е-маил адреси – потенцираат од МВР во соопштението испратено до медиумите.

Апелираме до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Маж се заканувал на медицински персонал од Итна помош
Автомобил удри жена на „Орце Николов“ во Скопје
Скопјанка нападната од жена сред трговски центар
Пронајдени човечки коски и облека во Горно Количани
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад