Одговорниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Геровски, реагираше по гостувањето на Сашка Цветковска од Истражувачката лабораторија – ИРЛ во подкастот „Претрес со Ландов“, во кој таа изнесе тврдења поврзани со неговата работа. Во својата реакција, Геровски ја обвини Цветковска за изнесување невистинити информации, тврдејќи дека таа неточно изјавила оти поседува целосен фајл со доказите и снимките од случајот, а дека тој не ги поседувал.
Геровски наведе дека Јавното обвинителство доставило целосен извештај со снимени материјали до Судот, и дека дел од тие снимки се наоѓаат и во негова сопственост.
„Во интерес на јавноста, а секако и како доказ дека Сашка Цветковска селективно објавила дел од снимките а дел ги скрила – сега знаеме дека таа ги скрила. бидејќи вели дека го поседува целиот извештај! – јас објавив дел од снимките. Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила. Анализата на содржината на тие снимки покажа зошто ги скрила. Е сега… Дали јас ги поседувам снимките што ги објавив или не? Во мојот коментар на бруталниот напад на ИРЛ врз мене, јавно повикав двајца новинари да дојдат кај мене и да им го покажам делот од извештајот што јас го поседувам. Она што не можам да го дозволам е тие да ги објават снимките во онаа форма во којашто ги имам, бидејќи содржат податоци што не смеат да се објават. Она што моите колеги можат да утврдат е дали ги поседувам снимките чија содржина ја објавив (поседувам и други, иако не сите), во онаа форма во која се доставени од ЈО до Судот. Со други зборови, поканив двајца мои колеги – а и натаму канам! – да утврдат кој овде ја зборува вистината, а кој лаже. Па сами нека кажат што виделе и што заклучиле“, напиша Геровски.
Во реакцијата, тој нагласи дека е подготвен двајца новинари или претставници на новинарски здруженија да извршат увид во материјалите што ги поседува, со цел да се утврди точноста на неговите наводи.
„Јавно ги поканувам двајца колеги да дојдат и да видат дел од извештајот што го имам. Можат да потврдат дали ги поседувам снимките што ги објавив, во формата во која биле доставени од Обвинителството до Судот“, напиша тој.
Во завршницата на реакцијата, Геровски се осврна и на тврдењата во подкастот поврзани со финансиското работење на „Плусинфо“, наведувајќи дека сите податоци за бонитетот и деловните резултати на издавачот „Плусинфо издаваштво“ се јавно достапни на интернет, и ги повика заинтересираните да ги проверaт.
Целиот поткаст со Цветковска:
Тврдењата на Цветковска, главна уредничка на ИРЛ:

(Видео) Цветковска: За разлика од Геровски ние ги имаме доказите за Пулс, ние не штитиме ни еден политичар
Сашка Цветковска, главен и одговорен уредник на Невладината организација-Истражувачка лабораторија ИРЛ, е гостинка во Претрес со Ландов.ИРЛ објави комуникација меѓу инспектори од УЈП и обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, која предизвика внимание во јавноста.,,Имавме контакти со жртвите кои бараа помош. Стигнавме до информациите. Инспекторите од УЈП им посочиле на обвинетите од Пулс кога ќе дојдат во инспекција во дискотеката.Имаше пораки дека имало комуникации со ВМРО -ДПМНЕ, но ние мораше да провериме и немаше директни докази.Одговорно тврдиме дека го поседуваме целиот фајл со доказите за Пулс.Немаме доказ за комуникација на обвинетите со Оливер Спасовски”, вели Цветковска.ИРЛ вели, „беше цел на напад, за разлика од Геровски ние ги поседуваме доказите од Обвинителството“.,,Ние ги објавивме сите разговори и докази кои водат до кривично дело. Не сме штителе и никогаш нема да штитиме никој политичар”, вели Цветковска.Инспекторите сега се во предистрага.Не е прашање, посочува зошто ИРЛ ова го објави, прашање е зошто некои наводно големи новинари премолчеа за Кочани.
Скопје
|
пред 16 часа








