Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: 9-годишно дете оставено само во Тетово – таткото го донел за питачење
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени пет лица
МВР
Разбојници со пиштол му одзеле пари на 28-годишник во Илинден
МВР
Уапсен 59-годишен маж кој недолично допирал жена во продавница
МВР
Во еден ден приведени 28 возачи за безобѕирно управување, најголем дел управувале без возачка дозвола
МВР
Безживотно машко тело извлечено од реката Пчиња кај Катлановска Бања
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

9-годишно дете оставено само во Тетово – таткото го донел за питачење

Претрес.мк
Последни промени 27/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Полицијата утврдила дека 9-годишното дете, пронајдено само пред угостителски објект во Тетово, е дел од организирана група која присилува малолетници да питачат.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година во 01:30 часот, жител на Тетово пријавил дека пред локал на улицата „Маршал Тито“ пронашол дете кое било изгубено и не комуницирало.

— реклама —

„Веднаш било постапено по пријавата и било утврдено дека станува збор за малолетник од населбата Шуто Оризари – Скопје. Неговиот татко, Е.М., заедно со други деца со комбе бил донесен во Тетово за питачење. Околу 22 часот, комбето со останатите деца се вратило во Скопје, а него го заборавиле“, информираа од МВР.

— реклама —

На местото интервенирале претставници од Центарот за социјални работи – Тетово, кои по документирањето на случајот го предале детето на колегите од ЦСР – Скопје.

— реклама —

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, со фокус на идентификација на организаторите на мрежата која експлоатира деца за питачење.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени пет лица
Разбојници со пиштол му одзеле пари на 28-годишник во Илинден
Уапсен 59-годишен маж кој недолично допирал жена во продавница
Во еден ден приведени 28 возачи за безобѕирно управување, најголем дел управувале без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад