Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект
МВР
Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко
МВР
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола
МВР
Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога
МВР
Голф удри во бетонски столб, тројца се повредени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

„Одличната соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи доведе до тоа да нови две услуги се достапни за граѓаните електронски на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk“, велат од Министерството за дигитална трансформација и додаваат:Станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација.Дополнително, ова претставува пример за успешна меѓуинституционална соработка, каде податоците од Министерството за внатрешни работи се интегрираат преку платформата за интероперабилност со Националниот портал управуван од Министерството за дигитална трансформација. Оваа заедничка работа овозможува унапредување на јавните услуги на начин кој е поедноставен, побрз и потранспарентен за сите граѓани.Соработката со Министерството за внатрешни работи продолжува и во иднина, и за очекување се и нови услуги кои ќе се нудат за граѓаните по електронски пат. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на проширување на вакви примери на соработка со другите институции, со цел да се обезбеди дигитализирана држава која работи ефикасно, отворено и во служба на секој граѓанин.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект
Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола
Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад