Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Судијата Ељведин Ферати преполагал за да му ги пречкртаат оценките и заменат со нови – Обвинителството нема да го гони
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пијан возел тротинет, паднал и тешко се повредил – ќе добие пријава од МВР
МВР
Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга, полицијата го уапси
МВР
Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
МВР
Уапсен 48-годишен маж од Тетово: Две години ѝ барал пари на поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки
МВР
13-годишници без возачки дозволи со мотоцикли се судрија во Мокриево, едниот тешко повреден
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Судијата Ељведин Ферати преполагал за да му ги пречкртаат оценките и заменат со нови – Обвинителството нема да го гони

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Обвинителството нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Тетово, оти обвинителите утврдиле дека оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите. Откако добил повисоки оценки, можел и да се пријави на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради ова, Обвинителството констатира дека Ферати не сторил никакво прекршување на закон.„По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители. Ваквата информација на 31.01.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 годинаИмајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.03.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Судијата Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој, се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.Тогаш беше посочено дека кога Државниот инспекторат влегол во Тетовскиот универзитет, во матичната книга, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкетување, а истите биле поправени со повисоки.По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага. Скопското Обвинителство за „СДК“ тогаш изјави дека постапува и презема дејствија за да ги испита овие тврдења.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пијан возел тротинет, паднал и тешко се повредил – ќе добие пријава од МВР
Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга, полицијата го уапси
Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
Уапсен 48-годишен маж од Тетово: Две години ѝ барал пари на поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад